Вилшер безрезервно го поддржува својот тренер иако Венгер е во поприлично незгодна позиција по низата од лоши резултати и само две победи на последните 7 премиерлигашки натпревари.
Вилшер истакна дека е убеден дека клубот е во вистински раце и дека резултатите на Венгер говорат најмногу.
„За мене нема сомнение, тој е вистинскиот човек. Не можете да го оспорувате поради неколку лоши резултати“ вели Вилшер.
Исто така, фудбалерот потенцира дека Венгер секоја година клубот го носи во Лигата на Шампионите.
„Секоја година сме во Лигата на Шампионите и ниту еден друг тренер не го направил тоа. Тој го подигна клубот на нозе, внесе пас-игра, промени доста работи од кога дојде пред 15-16 години“ додаде Вилшер.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: