Неуспехот на Светското клубско првенство во Јапонија дефинитивно беше доказ дека Рафа Бенитез не може да ги оствари очекувањата на Роман Абрамович и дека уште од сега му се бројат деновите во Челзи на шпанскиот стратег, пренесуваат англиските медиуми.
Рафа Бенитез не успеа да му ја донесе титулата Светски Првак на Челзи. Новиот неуспех на Рафа би можел целосно да го предомисли Роман Абрамович околу ситуацијата со шпанецот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Абрамович веќе почнал со анализи околу потенцијалните кандидати меѓу кои се најде и ново име.
Имено, освен Гвардиола и Јирген Клоп, во конкуренција за да го преземат тренерското место на клупата на Челзи влезе и тренерот на екипата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: