Мурињо го нападна Меси, па си доби одговор!

По победата над мадридскиот ривал и новата одлична партија од аргентинецот Лионел Меси, стигна и одговор за Мурињо.

Џерард Пике на синоќешниот натпревар против Атлетико го одигра 200-тиот натпревар во дресот на Барселона. Јубилејот го прослави со висока победа на Барселона.

Барселона го совлада Атлетико со резултат 4-1, Барса по 16 одиграни кола има 15 победи и едно реми, Реал заостанува веќе огромни 13 бодови, а Атлетико 9 бода.

Пике, имаше премногу причини за славење, но, по натпреварот се сети и на Жозе Мурињо, подеднакво како и навивачите на Барселона во текот на натпреварот.

Дефанзивецот на Барселона со свој коментар за индиректната критика на Мурињо дека наводно Меси глумел.

„Со тоа само покажува дека не бил фудбалер и нема разбирање за некои работи“ вели Пике.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: