Натпреварот од рамките на 14-тото коло од Јадранската Лига што требаше да се одигра меѓу екипите на МЗТ Скопје и Цибона се одложи поради тоа што гостинската екипа неможеше да дојде поради временските услови.
Како причина за одложување на мечот се наведуваат лошите временски услови, па поради тоа екипата на Цибона беше во неможност да допатува во Скопје.
„Натпреварот е одложен, а ние сме во комуникација со претставниците на Јадранската Лига околу новиот термин за одигрување на средбата. Цибона бара таа да се игра следната недела, но за нас тоа е неизводливо бидејќи салата веќе е резервирана за други активности“ беше дел од изјавата на Видоја Секуловски, директорот на МЗТ Скопје за „НоваМакедонија“.
Според информациите кои се пренесуваат од канцеларијата на АБА-лигата, се вели дека дуелот ќе се одигра во четврток со почеток од 20,30 часот.
Извор: „НоваМакедонија“
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: