Екипата на Челзи веќе подолго време е во потрага за квалитетен напаѓач кој би требал да ја пополни празнината по заминувањето на Дидиер Дрогба.
Според известувањата на француските медиуми, се наведува дека Челзи веќе започнал преговори со напаѓачот на Лион, Гомиз околу евентуален трансфер во јануари.
27-годишниот французин постигна 10 погодоци оваа сезона и покрај Челзи го привлече вниманието на Ливерпул.
Лион е спремен да прифати понуда од 8 милиони фунти за Гомиз кој има 10 настапи за репрезентацијата на Франција во која дебитираше во 2008-мата година и постигна 3 голови.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: