Ќе се повтори истрагата за причината за смртта на Ејми Вајнхаус

Истрагата за причината за смртта на пејачката Ејми Вајнхаус ќе биде повторена во јануари, откако истражителот во првата истрага поднесе оставка, соопштија во понеделник властите на лондонската општина Камден.

Помошникот заменик истражител, Сузан Гринвеј која ја утврди причината за смртта на пејачката, даде отказ откако беше утврдено дека ги нема потребните квалификации.
Нејзе на позицијата ја поставил сопругот, главен истражител за северен Лондон, Ендру Рид, кој исто така поднесе оставка.

Пејачката Ејми Вајнхаус во јули 2011 година беше пронајдена мртва во својата куќа во Лондон. Резултатите од првичната истрага беа дека починала од труење со алкохол.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: