Дневен хороскоп за 18.12.2012 – вторник.
Овен
Околината се обидува се да стави на ваш грб. Не ви е лесно. Треба да ги задоволите барањата на другите, но и да ги задоволите сопствените потреби. На паметните Овнови, оние свртени кон себе, ќе им биде лесно, на другите, ќе им биде потешко.
Бик
Релаксирано уживате во секој момент. Доколку имате проблем со вишокот килограми, влеговте во период кога борбата ќе биде потешка отколку што мислевте. Со Скорпиите идеално се сложувате, фокусирајте се на нив. Престанете да ги малтретирате Јарците со своите озборувања, оставете ги на мир.
Близнаци
Многу планови паѓаат во вода, но само за припадниците на знакот кои летаат во облаци. Пожелно е да се биде тактичен и практичен, тука лежи одговорот на проблемите. Доколку се занимавате со приватен бизнис, ќе бидете многу успешни. Ако не, тогаш внимавајте и не експериментирајте.
Рак
Среќно ќе ја пребродите кризната ситуација. Доколку имате здравствени проблеми, ќе ги решите на едноставен начин. Влеговте во фаза кога флегматичноста стапува на сцена. Можеби е тоа вистинскиот момент да се одморите и да соберете сила за идните победи.
Лав
Не ви е лесно, но морате да бидете истрајни. Кога работите ќе тргнат низбрдо, како да ја губите почвата под нозете и бегате. Покрај нормалната терапија, вооружете се со оптимизам на својствен начин. Дружењето помага да ја пребродите кризата и да не се оптоварувате.
Девица
Расположението од ден во ден се менува. Бидејќи ви се здосади коректното однесување, во вас полека почнува да се буди бунтовникот, овојпат со причина. Се наметнувате и се докажувате во желбата да останете забележани, не избирајќи притоа средства.
Терезија
Поради што се нервирате кога тоа влијае на убавината? Еден соработник до таа мера ве иритира, што ви доаѓа да излезете од кожа. Уште ако Водолијата ве нервира, ќе има многу неволји. Незгоди во јавниот живот се можни, а постои начин да ги избегнете.
Скорпија
Иако изгледате смирено, имате чувство дека ќе пукнете. Треба од себе да ја исфрлите акумулираната напнатост. Спортот и физичките активности претставуваат вистински лек, па доколку со нив се занимавате, ќе ги совладате проблемите.
Стрелец
Пред вас е активен работен ден. Бидејќи сте во ситуација да се занимавате со работи кои ги сакате, ќе ги сработите со ентузијазам. Доколку имате здравствени проблеми, тие се со психосоматска природа. Со Девица не склучувајте никакви работни договори.
Јарец
Се нервирате и со причина и без причина. Не сте свесни дека на моментните случувања можете да влијаете, а со нервирањето само негативно влијаете на здравјето. Внимавајте за да ги избегнете проблемите, бидејќи вие тешко закрепнувате. Водолијата негативно влијае на вас, ескивирајте ја.
Водолија
Сите моментални потези остануваат само буква на лист хартија. За недостаток на иницијативата побарајте причина во лошата здравствена состојба. Планетарните аспекти укажуваат на тоа, па бидејќи станува збор за хронични здравствени проблеми, бидете паметни.
Риби
Да се надеваме дека тргнавте во акција. Никако не смеете да станете мрзливи и да ги пропуштате можностите, бидејќи ништо не паѓа од небо. Само со активна работа можете да ја постигнете целта. Желбата за хедонистички живот може да ве оттргне од успехот.
Пронајдете не на следниве мрежи: