Навивачите на Зенит бараат заминување на ’обоените’ и геј фудбалери

Навивачите на рускиот прволигаш Зенит од Санкт Петербург, познати како најекстремните во Русија, упатија новогодишна желба до управата клубот во која бараат во клубот да може да играат само „расно чисти“ фудбалери.

Навивачите на Зените не сакаат во екипата темнокожи играчи или фудбалери со хомосексуални наклонетости, а според нив идеалниот тим би бил составен од првенствено од играчи од Санкт Петербург и Ленинградската област, од играчи од прибалтичките земји и Скандинавија и другите делови на Европа.
Крајно националистичките групи навивачи од Санкт Петербург веќе од поодамна многу отворено ги декларираат своите екстремни ставови, често предизвикуваат безредија на стадионите, а јавно се гордеат со фактот дека на жените им е забранет влез на трибината на стадионот „Петровскиј’ на која се најекстремните.
Наспроти ова, годинава Зенит се засили со двајца црномурести фудбалери, Бразилецот Хулк и Белгиецот Алекс Витсел за кои плати дури 80 милиони евра.
Играчите настапуваат за Зенит само поради нивните спортски и атлетски квалитети и достигнувања, и клубот секогаш имал толеранција и во своите редови обединувал играчи од различни националности, соопштија од клубот од Санкт Петербург како одговор на соопштението на навивачите.
„За нас, отсуството на црнокожи играчи во составот на Зенит е важна традиција и ништо повеќе. Благодарејќи на зачувувањето на клубот ние имаме препознатливост во фудбалскиот свет има лице, заедно со многу клубови коишто кои задржаа својот идентитет“, се вели во ткн манифест „,Селекција-12“ на навивачите на Зенит.
„Како најсеверниот клубот од големите градови во Европа, ние никогаш не сме биле ментално поврзани со Африка, како ниту со Јужна Америка или Австралија и Океанија“, се наведува уште во „манифестот“ во кој се додава и уште дека „секој играч кој се обидува да го уцени клубот или се обидува со други неетички средства да издејствува подобар договор, треба да биде ставен на трансфер листата. Во тој случај дозволено е негова продажба и на главен ривал, но само во отсуство на алтернативи“, додаваат навивачите на Зенит алудирајќи на ситуацијата со играчот од средниот ред Игор Денисов кој беше незадоволен од хонорарите што ги добија Хулк и Витсел, пренесува агенцијата Р-Спорт.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: