Илјадници протестираа во Мадрид за заштита на пензиите

Повеќе илјади луѓе протестира во понеделникот навечер во шпанската престолнина Мадрид за да ги заштитат своите пензии загрозени со политиката на штедење на тамошната влада.

https://www.makfax.com.mk/#298909Откажувајќи се од ветувањата од пред една година дадени во текот на предизборната кампања за оваа многу чувствителна тема, владата на шпанскиот премиер Мариано Рахој во ноември најави ревалоризација на пензиите во 2013 година, многу пониска од стапката на инфлацијата.
На улиците во Мадрид пензионерите и повозрасни слива во голем број во понеделникот го изразија незадоволството на собир кој беше организиран од синдикатите.
Шпанската влада се одлучи да ги ограничи ускладувањето на пензиите со инфлацијата, за да може да ги оствари предвидените 150 милијарди евра заштеда во периодот меѓу 2012 и 2014 година.
Протестите против мерките за штедење се речиси секојдневни во Мадрид и другите шпански градови.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: