’Index’: Шкендија има најмногу навивачи кога игра дома

Порталот ’Index.hr’ направи анализа на посетеноста на натпреварите во оваа сезона, во 12 европски првенства. Порталот ги опфати националните првенства на Македонија, Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска, БиХ, Србија, Албанија, Романија и Бугарија.

Најголема посетеност кога игра на домашен терен, од екипите кои настапуваат во Првата македонска фудбалска лига има екипата на Шкендија. екипата од Тетово, во просек како домаќин ја гледаат по 3.200 навивачи, што е ист просек колку што има хрватскиот шампион Динамо Загреб.
Шкендија на домашен терен има повеќе навивачи од Партизан, Марибор, Олимпија и словачките Тренчин и Жилина.
Зад Шкендија, според просекот на гледачи на домашен терен следуваат Брегалница (1.667) и Вардар (1.578).
Далеку најгледана екипа во посочените лиги е Стеауа, натпреварите на романскиот великан, на домашен терен, во просек ги гледаат 22 илјади навивачи.
Следува белградска Црвена ѕвезда со просек од 17 илјади навивачи по натпревар, додека на третото и четвртото место се австриските екипи Радип Виена и Штурм со 14.480 односно 11.699 гледачи.
На петтото место се наоѓа уште една романска екипа – Петролул Плоести со просек од 11 илјади навивачи.
Топ 10 екипи според гледаноста во првенствата на Македонија, Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска, БиХ, Србија, Албанија, Романија и Бугарија.

1. Стеауа Букурешт (Романија) – 21.398

2. Црвена ѕвезда (Србија) – 16.911

3. Рапид Виена (Австрија) – 14.480

4. Штурм (Австрија) – 11.699

5. Петролул Плоести (Романија) – 11.254

6. Ботев Пловдив (Бугарија) – 10.375

7. Викторија Плзен (Чешка) – 10.350

8. Австрија Виена (Австрија) – 9.750

9. Хајдук (Хрватска) – 9.250

10. Ред Бул Салцбург (Австрија) 8.987

Македонија:

1. Шкендија – 3.200

2. Брегалница – 1.667

3. Вардар – 1.587

Австрија:

1. Рапид – 14.480

2. Штурм – 11.699

3. Австрија – 9.750

Хрватска:

1. Хајдук – 9.250

2. Риека – 4.300

3. Динамо – 3.200

Србија:

1. Црвена ѕвезда – 16.911

2. Раднички Ниш – 5.100

3. Слобода Ужице – 3.500

БиХ:

1. Сараево – 4.938

2. Челик – 2.857

3. Железничар – 2.857

Словенија:

1. Марибор – 2.300

2. Олимпија 1.200

3. Мура – 1.200

Албанија:

1. Скендребег – 4.167

2. Беса – 2.700

3. Фљамуртари – 2.080

Унгарија:

1. Диосѓори – 7.000

2. Дебрецен –  5.703

3. Ференцварош – 4.778

Бугарија:

1. Ботев – 10.375

2. Левски – 5.125

3. ЦСКА – 4.243

Романија:

1. Стеауа – 21.398

2. Петролул Плоести – 11.254

3. Динамо Букурешт – 6.968

Чешка:

1. Викторија Плзен – 10.350

2. Славија Прага – 7.854

3. Бањик Острава – 7.826

Словачка:

1. Спартак Трнава – 4.445

2. Тренчин – 2.767

3. Жилина – 2.464.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: