Српската мега ѕвезда Светлана Ражњатовиќ Цеца, вчера попладнето се врати во Белград по две неделната турнејата во Австралија. Таа пристигна во Србија видно расположена и насмеана, а на аеродормот ја дочека нејзиниот зет Предраг Оцоколиќ.
Таа се осврна и кон смртниот случај во семејството. Проговори за смртта на нејзината свекра и објасни дека ако можела, веднаш ќе ги откажела концертите со цел да присуствува на нејзиниот погреб.
„Секако дека ме погоди смртта на мојата свекрва, но беше невозможно за мене да ги откажам концертите. Со нивно откажување ќе ги загрозев организаторите, луѓето што учествуваа во подготовките како и фановите. Да бев поблиску, ќе ги откажев сигурно. Целото мое семејство, вклучувајќи ги моите родители, вујко и деца, беа на погребот.“
Таа зборуваше на кратко и за времето поминато во Австралија. Цеца спомна дека била и повеќе од задоволна од настапите во Перт, Сиднеј и Мелбурн, каде публиката одлично ги прифатила нејзините песни.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.