НАСА урна две сонди во близина на Северниот пол на Месечината

Пар вселенски летала на НАСА – GRAIL, по завршувањето на мисијата намерно се урнати на планина во близина на Северниот пол на Месечината.

Мисијата GRAIL имаше за цел да се ѕирне во внатрешноста на месечината, а НАСА истакнува дека мисијата целосно успеала. Леталата Еб и Флов ги стартувале моторите за последен пат и со остатокот од горивото се залетале во споменатата планина.
Прв удрил Еб, а 30 секунди подоцна и Флов, пренесува АП. НАСА местото на падот на леталата го посвети на првата Американка во вселената, Сели Рајд, која почина оваа година.
Местото на кое леталата се урнаа е далеку од местото на кое беа мисиите од програмата Аполо, или други поважни места на Месечината. Бидејќи леталата удриле во планина на темната страна на Месечината, ударот не бил видлив од Земјата.
Сателитот на НАСА ЛРО ќе се обиде за време на своите прелети да го фотографира местото на падот на леталата.
Примарна мисија на GRAIL леталата беше да се направи мапа на гравитационото поле на Месечината, за да се дознае повеќе за минатото на единствениот природен сателит на Земјата.
Сондите откриле дека кората на Месечината е многу потенка од она што го мислеа научниците и дека значително повеќе астероиди и комети удриле во неговата површина за време на раната историја на Месечината.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: