Топ 5 мртви музичари со најголема заработувачка

Смртта можеби го означува крајот на животот, но не го скратува приходот на многу музичари. Водена од Мајкл Џексон, кој има заработено повеќе од кој било друг сингл артист, жив или мртов, следува листата од оние кои заработиле повеќе од 5 милиони долари ,а сепак не се повеќе меѓу живите.

 

1. Мајкл Џексон (145 милиони долари)

– Починат на 25 јуни, 2009 година на 50 годишна возраст. Причина – предозирање/убиство. Музичкиот посмртен крал има заработено повеќе од кој било и по неговата смрт. Тој продолжува да гребе од приходите од соработките со други артисти, од својот сопствен материјал – музичкиот каталог Мијац, сопствено шоу и изворите.

 

2. Елвис Присли (55 милиони долари)

– Починат на 16 август, 1977 година на 42 годишна возраст. Причина – срцев удар.

 

3. Боб Марли (17 милиони долари)

– Починат на 11 мај, 1981 година на 36 годишна возраст. Причина – рак. Не баш познат по комерцијални вложувања за време на неговиот живот, Боб Марли стана бизнисмен и после смртта. Има продадено над 75 милиони албуми во последниве 20 години, а од неодамна е во продажба и неговиот ,,релаксирачки пијалок” познат како ,,Марлиевото весело расположение”.

 

4. Џон Ленон (12 милиони долари)

– Починат на 8 декември, 1980 година на 40 годишна возраст. Причина – убиство. Замислете го вкупниот профит, околу 63 милиони албуми продадени  во Америка. А легендарните Битлси продолжуваат и понатака, делејќи го приходот на целата група.

 

5. Ричард Роџерс (6 милиони долари)

– Починат на 30 декември, 1979 година на 77 годишна возраст. Причина – хронична болест.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: