101-годишен дедо закрепна од корона, а го преживеал и шпанскиот грип во 1918

Италија е најпогодена земја од корона вирусот, но зрак светлина даваат убавите вести како таа дека 101-годишен дедо од Римини закрепнал од корона вирусот.
Мажот кој медиумите го пишуваат како Господин П (Mr. P) бил пуштен од болница по една седмица.
Заменик градоначалничката на Римини Глорија Лиси вели дека Господин П го преживеал и шпанскиот грип кој во периодот 1918/1920 година бил причина за смртта на најмалку 50 милиони луѓе.


Постарите луѓе се особено ранливи од короната, па оваа ситуација им дава надеж на сите, додава Глорија Лиси, но сепак тоа не значи дека не треба да се внимава. Мерките мора строго да се почитуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.