Мурињо му се обрати на новинар: „Ти си ѓубре“

Loading...

’Јас сум врв на фудбалот, а ти си новинарско ѓубре“, со овие зборови тренерот на Реал, Жозе Мурињо, му се обратил на новинарот на ’Marca’, Антонио Меана.

Новинарот, по завршувањето на прес конференцијата по мечот Реал-Еспањол застанал до Мурињо со намера да се ракува со него, но овој одбил и пред останатите новинари започнал да го навредува.
„Ми кажаа дека си кучкин син и дека си лош човек, но не верував дека е така. Сега знам дека си ѓубре и провокатор кој со своите прашања сака луѓето да ги доведе во заблуда. Ќе те почитувам додека сум овде тренер, но еден ден тоа ќе се промени и тогаш ќе се сретнеме на улица’, рекол Мурињо.
Реакцијата на Португалецот доаѓа откако ’Radio Marca’ објави дека тренерот на Реал го испратил тренерот на голманите Силвано Лоуро да ги шпиунира играчите, бидејќи поголемиот дел од нив имале одлични односи со него.

Макфакс

loading...