Погледнете ги најбогатите хип-хоп музичари кои го зголемуваат својот приход благодарение на други бизниси.
1. Андре (Др. Дре) младиот (110 милиони долари)
Со 110 милиони пред оданочени заработки, Др. Дре е оваа година хип-хоп крал на парите, благодарејќи на неговата Битс линија за слушалки. Неговиот албум Детокс сеуште стои на неговите полици, но тој сеуште заработува и од своите стари албуми и повремени концерти. Но, не е единствен на листата кој заработува надвор од своето музичко студио.
2. Шон ,,Диди” Комбс (45 милиони долари)
Поминаа 15 години од неговото креативно дело ,,No way out”, но Диди продолжува да заработува од најразлични договори кои и не се секогаш поврзани со музика, на пример го дели профитот со водката на Дијаџио Цирок.
3. Шон ,,Џеј-Зи” Картер (38 милиони долари)
Сопругот на Бијонсе продолжува да извлекува приход од музиката (одржувајќи концерти со Кање Вест) и бизнисот (договори со Дурацел, Бадвајзер и други).
4. Кање Вест (35 милиони долари)
Раперот, исто и продуцент имаше голем хит со неговата соработка со Џеј-Зи ,,Watch the Throne” а следеа и концерти. Тој исто така дизајнира и патики за Најк и линија за женска облека.
5. Двејн ,,Лил Вејн” Картер (27 милиони долари)
Последниот албум на минијатурниот стихотворец ,,Tha Carter IV”се распордаде во милион копии за само една недела. Лил Вејн исто така лансираше и линија за облека – Тракфит и направи партнерство со ,,Mountain Dew” на Пепси.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: