Дознајте кој знак како реагира и како искажува бес, како се лутат и дали простуваат…
ОВЕН
Овнот лесно се лути и станува агресивен, а причината е што тие се многу плашливи личности. Секој Овен е свесен дека многу би му помогнало да го контролира својот бес. Ако планирате да се впуштите во романса со овие глави, бидете сигурни дека сте способни да ги штитите своите интереси. Освен тоа, ќе морате да се потрудите да бидете интересни, бидејќи досада лекуваат со расправија.
БИК
Секој Бик сака да се грижи за него. Потајно копнеат по сигурност. Големи хедонисти се. Чувството за несигурност ги прави штедливи и собирачи на пари и материјални работи. За среќа, многу се свесни па можат да откријат дека нивната сигурност произлегува од верувањето во самите себе, а не од материјални добра.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците се скриени шизофреници. Имаат подвоена личност, никогаш нема да бидете потполно сигурни со која од нив го минувате времето. Освен тоа, самите себеси се „ѓаволски адвокати“ бидејќи никогаш не знаат како и што да одберат. Секој пресврт на нивниот пат ги збунува.
РАК
Ракот е голем плачко. Овој воден знак се занимава исклучиво со исполнување на своите емотивни потреби, што е и причина за нивната голема несигурност. Освен што се плачливи, знаат да се однесуваат како пијавици према партнерот, досадуваат и бараат непрестано да ги уверува во нивната сопствена вредност. Затоа телефонот ѕвони почесто отколку што би сакале. Да го избегнете тоа, пуштете ги тие да се грижат за вас или купете им куче.
ЛАВ
Нивните лаги се безопасни, а приказните што ги раскажуваате треба да ги прифатите со резерва – Лавот сака да преувеличува и менува редоследот на настаните, за работите да се чинат гламурозни и возбудливи. Освен тоа, сакаат да се фалат, а тоа е особина над која немаат контрола. Затоа, „погалете“ го нивното его и препуштете се на уживањата. Со нив никогаш не е досадно.
ДЕВИЦА
Девицата никогаш не е задоволна. Припадниците на овој знак сметаат дека ништо и никогаш не е доволно добро. Тежнењето кон совршенство не можат да го ублажат. Освен перфекционизам, мана им е што ја анализираат секоја, па дури и најмалата ситница. Затоа нивните критики не ги земајте здраво за готово.
ВАГА
Вагата секогаш изгледа како да не може да дочека да ви стане љубовник, што нормално, може да биде привлечно за другата страна. Причината за нивното однесување е тоа што сакаат да бидат во врска, но, истовремено имаат проблем со врзување, бидејќи „тревата е секогаш по зелена на друго место“. Што е уште полошо, никогаш нема да бидете сигурни дека нешто не е во ред, бидејќи сите овие родени дипломати се смеат и кога одвнатре умираат. Вагите се пасивни агресивни луѓе, кои истовремено пленат со шарм и убавина.
СКОРПИЈА
Тајната на Скорпија е тоа што имаат многу тајни, кои никогаш нема да ви ги откријат. Тие ја овожаваат својата приватност. Но, колку повеќе се отворите, Скорпијата дотолку ќе се чувствува по сигурно и сама ќе почне да се отвара. Буткање на носот во нивните работи нема да ви помогнат нималку да откриете што планира и какви планови има. Скорпиите се изразено љубоморни, флертот на партнерот тешко го поднесуваат и не забораваат, а прељуба никогаш не простуваат, туку раскинуваат веднаш штом дознаат.
СТРЕЛЕЦ
Стрелците не кријат ништо за себе. Тие се отворена книга и искрени до болка. Понекогаш заради тие карактеристики може да направи да се извадат од такт. Кога нешто не им се допаѓа, често ја ставаат главата во песок и така се штитат. Често се однесуваат како себични и неодговорни битија.
ЈАРЕЦ
Јарците понекогаш ги доживуваме како личности со ледено срце, но нив потајно многу ги загрижува што мислиме за нив. За да ги остварат своите желби, спремни се напорно да работат и ретко ќе дозволат да дознаете на кој начин успеале да го остварат она што го зацртале. Ретко се откачуваат, тоа се сепак сериозни личности. Спаѓаат во партнерите кои бараат многу.
ВОДОЛИЈА
Го сакаат човештвото, но не ги сакаат луѓето. Помалку се снобови, но го кријат тоа, се однесуваат само онака како што самите замислиле дека треба. Од навика кажуваат „не“, не очекувајте дека ќе бидат среќни ако ги заробите. Со Водолија владее Уран, кој ги прави родени бунтовници. Доколку започнете љубовна врска со Водолија, знајте дека тие, освен според сопствените, не функционираат ни според никакви други правила.
РИБИ
Често се случува Рибите да не успеат да постигнат хармонија на духовното и физичкото. Рибите, се склони шовеќе да бегаат, за разлика од другите претставници на зодијакот. Исто така, често се случува да се зависни, било од храна, книги, телевизија, дрога, секс. Изразито чувствителни личности, склони кон уметноста. Верноста на партнерот тешко им паѓа, а од него бараат потполна верност, а самите се неверни кога ќе им се укаже прилика. Сопствените грешки со леснотија ги простуваат.
Пронајдете не на следниве мрежи: