Македонскиот интернационалец од редовите на екипата на Војводина се наоѓа во средина меѓу заинтересираните Црвена Ѕвезда и Партизан, а се шпекулира дека и Вардар е заинтересиран за неговите услуги, но се чини дека предност би имале српските ривалски клубови.
Според неофицијални информации, и тимот на Динамо Загреб пријави интерес за Даниел Мојсов кој одби продолжување на договорот со тимот на Војводина.
Ѕвезда е заинтересирана за нашиот интернационалец, од нивната екипа си заминува Максимировиќ, па овој тим замената ја гледа токму во нашиот интернационалец, а конкуренцијата во тимот би се зголемила и би настанала борба за стартната постава со Спајиќ и Јовановиќ.
Од друга страна, Партизан во Мојсов гледа на замена за Иванов, кој е најдобриот дефанзивец на црно-белите, но се шпекулира дека ќе го напушти клубот.
За Мојсов е заинтересиран и Вардар, но нашиот интернационалец чека понуди и од Западна Европа.
„Ѕвезда и Партизан се големи клубови, ми се допаѓа интересирањето од нивна страна“ изјави Мојсов.
Даниел Мојсов кариерата ја започна во Тиквеш сезоната 2005-2006 каде на 21 настап за овој клуб постигна 1 погодок. Потоа следеа импресивните четири сезони за тимот на Македонија Ѓорче Петров каде на 70 настапи постигна 5 погодоци, па преселба во Вардар каде одигра 7 натпревари, а потоа следеше трансфер во Војводина каде е и во моментов, одигра 45 натпревари за овој клуб и постигна 2 погодоци.
За сениорската селекција на Македонија одигра 18 натпревари.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: