Диви: Нека каже Шундовски по чија наредба ме избриша од репрезентација!

Голманот на ракометниот клуб Металург, Петар Ангелов Диви, не го крие разочарувањето за фактот дека беше избришан од репрезентативниот список. Селектрот Звонко Шундовски пред неколку дена го објави списокот на ракометари кои ќе заминат на светското првенство за ракомет во Шпанија во јануари 2013, а легендата на македоснкиот ракомет не беше дел од него.

 

Во врска со овој настан, Диви го изјави следново: „Знам дека никој не е вечен во спортот, но нема никакво образложение од селекторот Шундовски каде сум го изгубил репрезентативниот статус. Сметам дека Шундовски ова го стори по наредба!“.

 

Исто како и Диви, и ветеранот Алушевски не се најде на списокот. Тој сепак беше поблаг во своите изјави: „Нормално дека сум разочаран бидејќи СП во Шпанија беше одлична можност да се повлечам од репрезентацијата. Не би сакал да коментирам одлука која не е на Шундовски туку е на некој друг.“

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани.  Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: