Која е најслушаната песна на сите времиња

“We are the champions” на групата Queen е најбараната и “најзаразна” песна на сите времиња, покажува најновата студија на Универзитетот Голдсмит во Лондон.

 

Песната која ги инспирира сите луѓе да танцуваат и пеат во дискотеките, кафичите, стадионите и на многу други места има четири клучни моменти – долги и детални музички фази, повеќе промени за брзо време, музички вокали и стремеж да се произведе препознатлива нота со помош на единствен глас, тврдат научниците.

 

Според нивните зборови, музичките вокали во песната се многу важни, бидејќи пеат на посебен начин заради кој музиката добива звук сличен како воените химни, односно луѓето и тимот на пејачи претставуваат метафора на војниците кои бараат водич што храбро ќе ги води низ борбата.

 

“Секој музички хит се базира на математика, наука, инжинерство и технологија, почнувајќи од физиката и фрекфенциите на звукот кои ја одредуваат хармонијата до високо дигиталните процесори и синтисајзери кои додаваат дополнителни ефекти и ја прават мелодијата попривлечна”, објаснува професорот Даниел Муленсифен.

 

Научниците го направија списокот на најбараните песни на сите времиња во кои, освен “We are the champions” од 1977 година, се спомнуваат и “The Final Countdown” од 1986-та, “Livin’ on a Prayer” од 1986-та и “Fat Lip” од 2001-та година.

Пронајдете не на следниве мрежи: