Ѕвездата од серијалот филмови „Сам дома“, Маколи Калкин се обидел да се самоубие со коктел од дрога и таблети, јавува „Нешнл инквајер“.
Калкин се обидел да се самоубие со вбризгување на хероин, а потоа зел и големи количини лекови против болка.
Своите намери претходно им ги открил на своите пријатели кои за среќа успеале да го спасат, Брзата помош која ја викнале стигнала на време.
„Зборуваше дека неговиот живот нема смисла и си вбризга хероин. За среќа неговите зборови ги свативме сериозно“ изјавил неименуван извор близок на актерот.
Психичките проблеми на поранешната филмска ѕвезда со последните случувања достигнаа кулминација. Актерот веќе долго се бори со зависноста од дрога.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: