Според податоците што во понеделник ги објави шведската фирма за облека Hennes & Mauritz (H&M), во декември забележале пад на приходите од продажбата за еден отсто.
Приходите пак, на шпанскиот моден ланец Zara, пораснале поради ширењето на азискиот пазар.
Сепак, финансиските резултати на H&M за периодот од септември до ноември покажаа раст на приходите за пет отсто, односно 32,5 милијарди шведски круни, објави Financial Times.
Податоците покажуваат дека кризата во Европа и намалувањето на потрошувачката влијаеле и на шведскиот гигант.
За разлика од H&M-a, шпански Inditex, сопственик на брендот Zara и водечки моден ланец во светот, препознал важност во ширење на пазарот надвор од Европа.
Inditex соопшти дека нето добивката на компанијата во деветмесечниот период , заклучно со септември, пораснала на 1,65 милијарди евра од 1,3 милијарди евра, благодарение на ширењето на азискиот пазар.
Продавниците во Азија, на компанијата и донеле зголемување на приходите за дури 17 отсто, односно 11,3 милијарди евра.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: