На само три дена до одамна најавуваниот крај на светот, во Калифорнија се појавија луксузни засолништа.
Рон Хабард, еден од многуте кои веруваат дека крајот на светот навистина ќе се случи, отиде чекор напред во борбата за опстанок. Тој веќе изгради неколку луксузни скривалишта со кожни софи, плазма ТВ , дрвени подови, тоалет, кујна па дури и камини. Истите ги продава за „неверојатни“ 57. 000 евра.
Тој најави дека моментално работи на создавање на уште две вакви живеалишта, едно во Њујорк а другото во Индијана и ќе даде се од себе да успее да ги заврши пред кобниот 21-ви декември.
„На тој ден јас ќе бидам во скривалиштето и таму ќе останам три дена. Истото им го препорачувам на сите кои ии маат скривници.“- Советува новопечениот бизнисмен.
Она што е интересно е дека ваквите скривалишта се привлечнине само за оние кои веруваат во крај на светот, туку и за оние кои не веруваат во тоа. Истите ги купиле за да ги искористат како викендици.
Овој бизнис според Хабард оди добро. Тој започнал со продавање по едно скривалиште месечно, а сега веќе продава по едно дневно.
Доколку се случи крајот на светот, ќе се предизвика радијација, а овие скривници ќе ве заштитат од неа.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: