Избегнал смрт поради дебелината

Осуденик на смрт во Охајо, добил помилување од гувернерот на американската држава затоа што тежел 200 килограми и бил премногу дебел за да биде погубен со инјекција.

Пост тежи повеќе од 200 килограми, воопшто не се сетил да покрене дополнителен аргумент-својата дебелина, пред одборот на помилување. Сепак гувернерот бил тој кој забележал дека смртоносната инјекција е премногу сурова и необична за овој затвореник.

Бранителите на овој осуденик, заклучиле дека неговата смрт би била бавна и тешка, затоа што тој е премногу крупен, а обидот за пронаоѓање на неговата вена, може да биде и неуспешен. Тој ја избегнал и резервната варијанта на погубување-смртоносна инјекција директно во мускулот.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: