Неколку интересни и тренди фризури
1. Прекршени бранови (Crushing Waves)
– Локните на Аманда Сајфрајд го евоцираат тој перфектен холивудски гламур кој секогаш е ин. За изглед кој ќе трае до доцните часови, поставете во косата топли витлери и допрете ја со фигаро пред нежно да ја исчешлате во водопадни бранови.
2. Цели високо (Aim High)
– Пунџата би била само пунџа. Се додека не ја кренете навистина високо како Дајен Кругер . Потоа, одеднаш станува супер отмена. Нанесете и спреј со сјај за да стане глатка и осигурајте се да не излегувате од теретана.
3. Направи пресврт (Do the Twist)
– Никој не прави брановидна форма подобро од Кејт Хадсон. Тука ни покажува како да се постигне сурферскиот стил за вечерно искачање. По обвиткување на стегачот со самите прамени од косата, превртете назад неколку парчиња и закачете ги точно над тилот. Соберете го остатокот во ниско репче и попрскајте со лесен лак за коса.
4. Покажи малку рамо (Show Some Shoulder)
– Долга коса изгледа многу поотмено кога прелетува преку рамото, како што ни прикажува Кристен Стјуарт. За да ја зацврстите вашата грива на една страна, префрлете назад дел од косата позади увото и зацврстете го со иглички пред да го попрскате со спреј за коса.
5. Пони шоу (The Pony Show)
– Одлична работа во врска со коњското репче е тоа што е доста едноставно како и за дневни обврски, така и за вечерни излегувања со само неколку измени. Обидете се со влечење на страните мазно и цврсто, оставајќи малку волумен на врвот, како Зои Салдана.
Пронајдете не на следниве мрежи: