Португалецот во дресот на Реал Мадрид во досегашниот тек од сезоната сметајќи ги сите натпреварувања постигна 23 погодоци, само еден помалку отколку минатата сезона кога неговиот тим имаше предност на врвот од табелата.
Сега тимот на Реал Мадрид заостанува 13 бодови и се чини дека борбата за титулата е завршена.
Роналдо не е ефикасен во шампионатот на Шпанија како во минатата сезона, сега постигна пет голови помалку, но затоа сето тоа го надополни во Лигата на Шампионите каде шест пати ги тресеше противничките мрежи.
Со оглед на тоа како Реал се пласираше во понатамошната рунда од Лигата на Шампионите, се чини дека доколку не беше Роналдо работите мошне поинаку би се одвивале.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: