Ферги: Не купувам во јануари

Шкотланѓанецот ја одби можноста Манчестер Јунајтед да биде активен на трансфер-пазарот во јануари, а Ван Перси го спореди со Кантона.

Фергусон изјави дека јануари не е вистинско време за трансфери.

„Купувавме во летниот период, во јануари нема големи трансфери, ќе останеме настрана од овие случувања“ изјави Фергусон.

Тој е премногу задоволен на начинот на кој се вклопија засилувањата.

„За сега ни оди одлично, Ван Перси покажа дека ќе биде голема предност, би можел како Кантона да почне со титула овде“ беше изјавата на Фергусон.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: