Најблискиот соработник на претседателот на Парис Сент Жермен, потврди дека лидерот во францускиот шампионат сака да ги доведе во својот тим Жозе Мурињо и Кристиано Роналдо.
Најблискиот соработник на претседателот на ПСЖ, шеикот Бин Абдулахман Ал-Тани, со изјава дека ПСЖ како први мети ги има Мурињо и Роналдо.
Од почетокот на сезоната во повеќе наврати беа пласирани разни шпекулации во поглед на преселба на Роналдо и Мурињо во ПСЖ.
Сепак, официјална потврда до денес немаше но еден од челниците на оваа екипа потврди за она што се шпекулираше.
„Кристиано Роналдо и Жозе Мурињо се наши мети. ПСЖ е еден од најдобрите клубови во светот и со нив би можеле да ја оствариме целта која ја зацртавме со овој тим, а тоа е освојување на Лигата на Шампионите“ изјави Ал-Тани.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: