Шамак во Интер

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на екипата на Арсенал, Маруан Шамак, би можел да се пресели во Интер.

Екипата на Интер се во потрага по напаѓач, фудбалер кој би требало да биде алтернатива за Диего Милито, а англиските медиуми пренесуваат дека првиот избор падна на Маруан Шамак.

Мароканецот веќе подолго време не е во прв план кај Арсен Венгер, се шпекулира околу негово заминување од тимот.

Според најновите шпекулации, Интер е заинтересиран да го земе Шамак во своите редови но на позајмица до крајот на сезоната, кога би имал опција да го откупи целосно договорот со овој 28-годишен фудбалер.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: