Добила оштета поради повреда за време на секс

Жителка на Австралија, вработена во државна служба, поради повреда за време на секс, додека била на службено патување побарала оштета. Таа ја добри петгодишната судска битка против федералната влада, која ќе и плати надоместок за настанатата штета. 

Судот во Австралија пресуди дека жената била повредена на работното место, иако физички не била присутна во службата. 

Немилиот настан се случил кога за време на сексот, дел од светилката која се наоѓала над креветот од мотелската соба, паднала врз нејзиното лице и ја повредила на носот и устата. Таа за време на рехабилитацијата во болница, паднала во депресија и не сакала да продолжи на работното место. 

 

Сеуште не е познато колку пари ќе добие оваа жена. Државната служба, која беше тужена од жената разгледува можност за поднесување жалба, со основа дека службата не е виновна за нејзините повреди. 

 

Останува да видиме дали судот во Австралија, овој пат ќе размислува рационално и ќе ја прифати жалбата на државната служба. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: