Џердан Шаќири смета дека Баерн Минхен ќе мора да ја освои титулата во тековната сезона бидејќи навивачите на тој клуб заслужуваат да бидат наградени за поддршката што му ја упатуваат на клубот.
Баерн на половина од сезоната во Бундес Лигата се наоѓа на првата позиција но предноста пред Леверкузен не е двоцифрена.
Баварците во последното коло од есенскиот дел ремизираа на домашен терен со Борусија од Менхенгладбах а стрелец на голот со која екипата на Јуп Хејнкес дојде до бод тврди дека титулата не смее да биде тема на расправија.
„Ќе биде одлично доколку наредното лето го вратиме трофејот на Алијанц Арена, нашите навивачи заслужуваат да слават по долгата пауза“ изјави Шаќири.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: