Го убедуваат Волкот да остане

Во Арсенал веруваат дека Волкот ќе го продолжи договорот со екипата на Арсенал и дека ќе ја продолжи верноста кон овој тим.

Тео Волкот му преостанаа само уште шест месеци договор со Арсенал, така да неговиот менаџер е во интензивни преговори со други клубови околу продолжување на неговата кариера. Интересирање покажуваат големите ривали Челзи, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Сепак, тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, се надева дека ќе дојде до пресврт и дека Волкот ќе остане во клубот и дека тој е еден од играчите околу кој би можело да се изгради стабилната екипа во иднина.

„Тој стана играч од топ класа во Арсенал и се надевам дека сфаќа дека ова е најдобрата средина за него“ изјави Венгер.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: