Тренерот на екипата на Ливерпул Брендон Роџерс потврди дека во јануарскиот преоден рок овој клуб ќе се обиде да се засили во напаѓачката линија но им порача на навивачите да не се надеваат на големи имиња.
Екипата на Ливерпул планира да купува во јануарскиот преоден трансфер период, но пари на располагање доволно нема.
Тоа го потврди тренерот на Ливерпул кој истакна дека потребни се засилувања во напаѓачката линија.
„Нема сомнение дека ќе се обидеме да се засилиме во напаѓачката линија. Сепак, сите мораат да имаат на ум дека во јануари изборот од големи играчи нема да дојде толку во голем обем а и нашите финансиски можности не се премногу големи“ изјави Роџерс.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: