Ирска ќе го менува законот за абортус

Loading...

Во Ирска, единствената членка од Европската унија во којашто е забранет абортусот, ќе бидат воведни нови закони коишто ќе овозможат ограничен пристап за абортус по смртта на една жена на која ѝ беше одбиено прекинување на бременоста, соопшти ирската влада.

Смртта на 31-годишната Савита Халапанавар, на којашто ѝ беше одбиен абортусот на нејзиниот ембрион што умирал и којашто подоцна почина од труење на крвта, ја шокираше минатиот месец католичка Ирска и ја наведе тамошната влада да дејствува по прашањето што го одложуваше со децении.
Според уставниот амандман од 1983 година, во Ирска абортусот е забранет во сите околности, меѓутоа девет години подоцна, во ткн „Случај Икс“ на силувана 14-годишна девојка, Врховниот суд донесе пресуда дека прекинот на бременоста е дозволен кога е во прашање животот на жената, вклучувајќи и поради можност од самоубиство.
Сите досегашни Ирски влади од тогаш избегнуваа да го решат ова политички спорно прашање на разјаснување на околностите во кои случаи е загрозен животот на мајката.
„Нацрт законот, поддржан со прописи, ќе биде во рамките на членот 40.3.3 од уставот како што го протолкува Врховниот суд во Случајот Икс. Законот би требало да биде јасен, односно кога постои вистинска и значителна опасност по животот, за разлика од здравјето на жената“, соопшти ирската влада во соопштението од вторникот.

Макфакс

loading...