Затворска казна за оние кои шират паника

Кинеската полиција уапси повеќе од 100 луѓе низ целата земја, вклучувајќи и членови на култот на “Семоќниот Бог“, поради ширење на паника низ населението за доаѓање на крајот на светот, што се предвидува дека ќе се случи овој петок. Полицијата заплени видео записи, книги и други апокалиптични материјали, кои претставувале некој вид на “доказ“ за доаѓањето на апокалипсата. Голем процент од кинескиот народ верува дека нешто ќе се случи со светот на 21-ви декември.

Големо влијание на нивните размислувања и верувања има и холивудскиот филм “2012“, кој е инспирација од предвидувањата на Маите.
Речиси половина од уапсените членови на групата “Семоќниот Бог”, се цврсто убедени дека светот ќе го зафати апокалипса, која ќе предизвика изумирање на овој народ и појава на нова ера.
Група наречена “Источна Молња”, со стих од Книгата на Метју, ја опева новата ера и и посакува добредојде. 
Кинеското општество е во криза во текот на изминатите три децении затоа што се случува процес на брз економски раст во контекст на пазарната економија и слабеењето на социјалната контрола, кога стотици милиони луѓе од село емигрирале во град и работат во големи индустриски центри.
Различни верски групи и секти се обидоа да ја искористат шансата, за ширење на своите верувања и придобивање на поголем број верници и приврзаници.

Кинеските власти се специјално решен да го спречат зголемувањето на култот, кој во последниве години се прошири во неколку провинции во земјата. Демонстрациите се доста зголемени од страна на членовите, а некои водачи на групата беа осудени на смртна казна.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: