Марк Цукерберг донира 500 милиони долари во акции

Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг донира 500 милиони долари во акции во добротворни цели во Силиконската долина.

Цукерберг во вторник рече дека донира близу 500 милиони долари во Силиконската долина  за добротворни цели кои се однесуваат на здравствени фондови и образование.
Директорот на Facebook донира 18 милиони Facebook акции, со вредност од 498,8 милиони долари, на крај на работниот ден на берзата.
Парите беа префрлени во Општинската фондација на Силиконската долина, непрофитна организација која работи со алокација на донорски средства.
Ова е најголемата донација на Цукерберг до сега. Тој даде 100 милиони долари во акции на Њуарк , Њу Џерси, за јавните училишта во 2010 година, пред неговата компанија да ја пушти на берза.
Во 2010 година тој се придружи на сопственикот на Microsoft Corp., Бил Гејтс, на Berkshire Hathaway Inc. и сопственикот Ворен Бафет во нивниот повик најбогатите луѓе во земјата да се откажат од поголемиот дел од своето богатство и да го донираат.
Во пост на Facebook, Цукерберг (28) напиша дека тој е горд на работата на фондацијата која се покрена во Њуарк по неговата донација, каде се овозможи отворање од основни и средни училишта и друго.
Тој вети дека во следниот период ќе се фокусира на образованието и здравството, но не посочи никакви детали за наредните чекори.
„Великодушниот подарок од март ќе смени нечии животи и ќе инспирира други во Силиконската долина и во целиот свет да дадат назад од она што имаат и да го направат светот поубаво место“, рече Емет Д. Карсон, извршен директор на фондацијата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: