Места во светот каде се пие најдобро пиво

Со отоврањето на Октоберфестот пред 200 години, Минхен стана најпознато место за пиење пиво во светот. Но верувајте ни, не треба да заминете само за Баварија по кригла добро пиво. Ако сте дехидрирани, еве неколку идеи каде може да ја пригушите жедта.
Амстердам

Хајнекен е икона на Амстердам, заедно со лалињата, каналите и велосипедите, има и свој музеј. Пивото е навистина важно во Холандија, па во последниве 25 години во престолнината никна многу пивари кои се натпреваруваат со реномираните пивари со долгогодишна традиција. Ладното холандско пиво, најчесто и најубаво се конзумира во улиците на Амстердам на местата како Cafe Gollem и Leidseplein.
Брисел

Векови пред Брисел да стане престолнина на Европската Унија, беше познат по пивото кое беше природно и ферметизирано со див квасец. Додека градот во меѓувреме стана еден од европските метрополи, во државата се развија над 600 пивари. Ламбиц се уште владее во Брисел, но навистина е зголемено конзумирањето на овошни пива, како она од цреши или малини. Во некои одредени кафулиња и барови во Брисел, како на пример Delirium, во стариот дел на градот, муштериите бираат пијачка меѓу 2.000 видови на пиво!
Минхен

Веројатно никаде нема да бидете толку добро дочекани, како што ќе бидете во Минхен во првите две недели на месец октормви. Ова е периодот кога целиот град се шири надвор од неговите граници, во огромни шатори каде се слави постоењето на пивото, и се ужива во негова комбинација со храна. Влезот за овој фестивал е бесплатен, но пивото ( околу 500 денари за литар) како и влезниците за одредени настани е цената што треба да се плати за да се доживее атмосферата.
Даблин

Ирска е земја во која доброто пиво многу се цени, а дефинитивно најпознато е пивото Гинис. Сите жители имаат свое мислење за тоа во кој паб може да го најдете најдоброто пиво, но вие слободно можете да почнете од St. James Gatebrewery, каде Гинис се служи од 1759 година. Можете да бирате измеѓу 800 пабови, како Temple bar кој е и историско место, Eamonn Doran кое е место со најдобра музика и Palace, место совршено за интимни дружења.
Прага

Пивото е длабоко вкоренето во историјата на Чешка. Многу пивари сонуваат да го достигнат токму стандардот за пиво кој владее во оваа земја. Едни од најпознатите пивари од оваа земја се Budweiser и Pilsner Urquell кои водат потекло од уште од 1842 година. Но играта се уште ја диктира Staropramen. Баровите обично нудат само еден вид пиво, и тоа оној кој е напишан на чадорите пред влезот. Ресторанот Dvo Kocek е местото на кое се продава највкусно пиво, а добар глас го бие и Flek.
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани.  Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Со отоврањето на Октоберфестот пред 200 години, Минхен стана најпознато место за пиење пиво во светот. Но верувајте ни

Пронајдете не на следниве мрежи: