Хотел од мраз во Шведска

Шведскиот хотел од мраз се отвори за храбрите посетители на почетокот на овој месец, давајќи им можност го откријат својот внатрешен ,,Еским”.

Хотелот е лоциран 200 километри северно од арктичкиот круг во Јукасјерви.

,,Ние целосно зависиме од временските услови, имаме распоред до кој се придржуваме, но тоа варира од година во година”, претставникот на хотелот Беатрис Карлсон изјави за агенцијата Франс – Прес.
Хотелот опфаќа 65 соби, лоби и рецепција, главна сала и ајс-бар. Бидејќи се отвора во фази, ,,ледената” капела ( секако за свадби ) ќе биде отворена подоцна.
Изградбата започнува во ноември, изјави СИ-ЕН-ЕН, кога температурата е неколку степени под нулата.

Неколку од апартманите беа дизајнирани од уметници избрани од повеќе од 100 кандидати од целиот свет, според АФП. Сепак, платното е минливо, што значи трае само додека се зголемат температурите.
Двокреветни соби, како и соби за три или пет гости (во скандинавски стил) се достапни во овој хотел. Исто така се вклучени и топла облека за надвор, ракавици, обувки, појадок, утринска сауна. Цените варираат, но ако останувате за Божиќ, ќе ве чини 480 долари за една ноќ. Исто така се добредојдени и посетителите на еднодневна ексурзија.
И не грижете се дали ќе ви биде многу студено, во хотелот никогаш не станува постудено од 23 – 18 степени, и покрај тоа што надворешната температура понекогаш е премногу ниска, стигнува дури и до -22.

Пронајдете не на следниве мрежи: