102-годишна докторка открила 3 нешта кои се клучни за долговечност: Нејзините совети се многу практични

Во последните неколку години сè почесто и сè повеќе се зборува за „тајните“ на долгиот живот, а Гледис Мекгари која има 102 години одлучила да го сподели својот рецепт за долговечност.

Гледис сè уште работи како докторка и како што вели, не планира да оди во пензија.

Своите тајни за долговечноста Гледис ги открила во својата книга „The Well-Lived Life“, а нејзините совети се поедноставни отколку што многумина би очекувале.
Еве што таа им порачува на сите кои сакаат да доживеат 100-годишна возраст:

Движете се постојано
„Ако престанете да се движите, ќе умрете“, била директна Гледис. „Вашето тело има потреба да се движи“, додала таа.
Научно е докажано дека физичката активност помага да живеете подолг и поздрав живот, но тоа не значи дека мора да поминувате часови во теретана. Всушност, многу експерти тврдат дека пешачењето е сосема доволно за одржување на физичкото здравје.

Негувајте ја духовноста
Според зборовите на Гледис, можете да правите сè што е добро за вашето здравје, но сè е залудно ако немате верба во нешто поголемо од себе.
„Животот мора потполно да се живее. Ако ја изгубите поентата, повеќе нема каде да одите. Започнете да го барате она што ве тера да пеете, да се смеете. Постојат нешта кои се едноставно прекрасни во нашето присуство, и тие се таму ако ги побарате“, напоменува таа.

Сакајте се себеси и сакајте ги другите
Едно истражување покажало дека тие кои им пружале емоционална поддршка на другите, живееле подолго од останатите.
„Љубовта навистина може да биде најточниот одговор за подолг, поздрав живот. Кога вистински ќе научите да се сакате себеси, тогаш ќе научите да ги сакате и другите“, заклучува Гледис, пренесува „Mind Body Green“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.