Идентични близнаци со различен роденден и хороскопски знак

Идентичните близнаци Алфи и Аксел Перкинс се родиле пет месеци пред терминот, но и во разлика од пет дена.Поради компликации во бременоста, Аксел морал да се роди на 19 јули годинава, во знакот на рак. Пет дена подоцна, се родил и Алфи на 24 јули, кој е во знакот на лав.

 

Нивните родители Том и Ема, велат дека близнаците биле вистинско чудо. Кога докторите не им давале големи шанси за преживување, Алфи и Аксел покажале дека се вистински борци и не се предале.

 

Сега тие имаат шест месеци и со семејството ќе ги пречекаат првите новогодишни и Божиќни празници.

 

-Тие се родени во различен хороскопски знак, па најверојатно ќе имаат и различни карактери иако се идентични на изглед, вели Ема.

 

Близнаците Алфи и Аксел биле отпуштени од болница пред неколку дена, точно за време на празниците. Нивните родители велат дека ова им е најубавиот подарок којшто некогаш го добиле.

 

преземено од: kurir.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: