Писмо до жртвата од училиштето Сенди Хук, Џек Пинто од неговиот најдобар пријател ! (фото)

Погребот на Џек Пинто(6), погодената жртва во Сенди Хук беше одржан во понеделникот во Њутаун, Конектикат.

Најновата вест е од репортерот од САД, кој на твитер ја постираше оваа фотографија – писмо до Џек од неговиот најдобар пријател Џон, заедно со слики од двете момчиња.
Во текстот пишува:
“Џек, ти си мојот најдобар пријател. Многу се забавувавме. Ќе ми недостигаш. Ќе си разговараме во моите молитви. Те сакам. Со љубов, Џон”.
Според изворот од “The Mercury”, многу деца до пет годишна возраст биле на погребот како и неговите партнери од часовите по борење, облечени во нивните сиви Newtown маички.
Поради трагичните настани како што се пукањето во Основното Училиште Сенди Хук, Хафпост говореше со експерт за траумата и психолошките ефекти кои ќе ги имаат децата што преживеале. “ Има големи шанси да имаат потешкотии во концентрацијата, проблеми со доверба и потешкотии да ги преболат оние кои ги изгубија… многу од овие деца никогаш нема да бидат исти” kaжа Расел Т.Џонс, психолог на клиника и професор по психологија во Вирџинија. Исто така на ова додаде дека подршката и блискоста од средината ќе имаат главна улога во закрепнувањето.
Џек ке биде запомнет по тоа што беше фан на Нју Јорк Џајантс. Виктор Круз му оддаде почит на во неделата коа напиша на неговите гради ” Мојот херој Џек Пинто” .

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: