Нова авантура на Тони Зен

По учеството во Vip Survivor кога ја откривме храбрата и силна страна од неговата лучност како и неговиот авантуристички дух, Тони Зен најавува нова авантура во периодов што следува, овој пат со нов соработник.
– Го сакам адреналинот и возбудливите моменти во животот, затоа почнувам нова авантура преку една нова соработка која ќе биде откриена на отворената забава што ќе се случи наредниот четврток (27ми декември) во клубот Social во Скопје – вели Тони.

На забавата тој ќе биде специјален гостин, а освен откривањето на соработката за присутните таа вечер се најавуваат и многу зимски изненадувања.
Новата 2013та година освен со нова авантура Тони ќе ја започне и со снимање на два видео записи за темите „Под контрола“ и „Сетила“ кои се наоѓаат на неговиот нов албум „Микроскопски организам“.

Пронајдете не на следниве мрежи: