Осаменик чиешто тело било пронајдено во неговиот дом во мало американско место најмалку еден месец откако починал и оставил само 200 долари на својата банкарска сметка, стана посмртно славен откако во неговиот подрум се најдени златни прачки и монети.
Пензионерот починал најверојатно од проблеми со срцето кон крајот на јуни, кога неговите соседи повикале полиција, а било утврдено дека тој е мртов најмалку еден месец.
Смртта на скромниот осамен пензионер 69-годишен Валтер Самашко Џуниоер во местото Карсон Сити, во американската сојузна дражва Невада, доби на публицитет откако куќата била огласена на продажба и била чистена неговата гаража во која било пронајдено вистинско богатство, пренесува Associated Press.
Тој не оставил наследство, и очигледно немал блиски роднини. Но според листата на оние што присуствувале на погребот на неговата мајка локалните власти со многу труд дури сега успеале да пронајдат негов наследник, братучетка на Самашко, Арлен Магданц која живеела во Калифорнија, којашто, исто така, била неверојатно изненадена од богатството што ѝ припаднало од сиромашниот роднина.
Илјадници златни монети биле чувани во кутии за куршуми во вкупна вредност од речиси 7,5 милиони долари. Богатство претставува изненадување и за жителите на Карсон Сити, кои го познавале починатиот како скромен, повеќе сиромашен човек, кој порано работел како замена за болните наставниците во локалното училиште во малото место и водел многу самотнички живот.
Како што можело да се утврди од сочуваните сметкопотврди, од 1960-те починатата во 1992 година мајка на покојникот секој месец купувала златни монети. Проценетата вредност е само врз основа на вкупната тежина на златото, но бидејќи некои биле исковани на почетокот од 1840-те години во земји како Мексико, Англија, Австрија и Јужна Африка, можеби имаат и колекционерска вредност.
„Тие не биле само колекционерски монети, туку и инвестиција“, велат жителите на Карсон Сити. Со оглед на зголемувањето на цената на унцата злато во меѓувреме, семејната инвестиција повеќекратно се зголемила во текот на годините.
Според локалниот весник, Самашко бил еден од ткн „антивладини“, зашто во неговиот дом биле најдени многу книги за теориите на заговор, заедно со неколку пиштоли. „Тој никогаш не одеше на лекар. Беше опседнат дека ќе добие болест од прегледите“, изјавил за Las Vegas Sun, Алан Гловер, секретар на заедницата во Карсон Сити.
Самашко оставил уште 165 илјади долари во акции и уште 12 илјади долари во готовина кои ги чувал во домот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: