Менталните болести не се за исмејување. Жртвите на истите не страдаат само од надворешните симптоми, туку и од масивната социјална стигмата.
Поради суровоста на луѓето и во интерес на кармичката ребалансација, ќе наведеме неколку примери од ментални состојби, кои претставуваат помала причина за исмејување и поголема за завист. Тие всушност наликуваат на некои суперхерои.
1. Вендиго психоза
Состојба која предизвикува интензивна желба за јадење човечко месо, дури и кога тоа навистина не е потребно. Името произлегува од Вендиго, митско канибалско чудовиште од индијанските легенди. Тоа во основа претставува зомби од приказната за камперскиот оган од ерата на јавната забава.
-Супер херој: Зомбор (морално спротивставен суперхерој, кој се плаши од својата моќ, како во приказните за Џекил и Хајд) (Zombor)
2. Французинот од Мајна што скока
Навистина доста необичен назин за екстремно необична состојба. Луѓето што патат од оваа ментална состојба манифестираат скокање, треперење (тресење како на пример страв од нешто), мускулни и вебални тикови. Некогаш и фрлање ножови низ соба, затоа што нагло им се обраќате. Болеста е откриена од дрвосечачи во Мајна, па оттаму и доаѓа името.
-Супер херој: ,,Sugest-A-Ball”
3. Синдром – Алиса во земјата на чудата
Овој синдром се карактеризира со силни мигрени и драстично неточна перцепција за самиот себе и неговото опкружување. Најчесто луѓето со оваа болест си замислуваат дека работите околу нив се или многу поголеми или многу помали од тоа навистина колкави се. Исто така може да имаат и извртена перцепцијата за звук и длабочина, која не е многу различна од искуството на оние што земаат ЕЛ-ЕС-ДЕ(LSD).
-Супер херој:Малис во земјата на чудата (Malice in Wonderland)
4. Синдром – Странски акцент
Синдромор- странски акцент е состојба во која заболениот оддеднаш почнува да зборува на странски акцент. Предизвикан од повреди и инфаркти, психолозите тврдат дека оние кои патат од оваа состојба воопшто не глумат кога ке дојде до нападот, дури и кога звучи дека баш тоа се случува.
-Супер херој:Г-дин претенциозен (Mr. Pretentious)
5. Синдром – Туѓа рака
Овој синдром не е така кул како што можеби звучи. Жртвите на оваа болест кажуваат дека нивните екстремитети имаат свој ум, најчесто опишуваат како нивните раце пробуваат да ги задават, да им ја растргнуваат облеката или пак постојано да ги удираат. Луѓето кои ја имаат оваа состојба, можат да осетат се што нивниот екстремитет прави, но се чувствуваат неповрзано со неговата акција.
-Суперхерој: Грабнувачот (The Grabber)
6. ,,Kluver – Bucy” синдромот
,,Кluver – Bucy” е состојба каде, по оштетување на конкретен дел од мозокот, жртвата, освен и некои други симптоми, доста изразува желба да има секс со различни нешта, на пример со тротоар
-Супер херој: Господарот на коската (Тhe Bonelord)
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24
Пронајдете не на следниве мрежи: