Ибра: Меси како со „ЏОЈСТИК“

Говорејќи околу претстојниот избор за „Златната Топка“, Златан Ибрахимовиќ нема дилеми дека титулата за најдобар фудбалер на светот треба да му припадне на Лионел Меси кој игра како на Сони, вели Ибрахимовиќ.

Со почетокот на наредната календарска година фудбалскиот свет го очекува доделувањето на „Златната Топка“, награда за најдобар фудбалер на светот за кој се во конкуренција Кристиано Роналдо, Лионел Меси и Андрес Иниеста.

Златан Ибрахимовиќ нема дилеми, смета дека Аргентинецот апсолутно заслужува да ја освои четвртата „Златна Топка“.

„Меси е најдобар фудбалер на светот кој дефинитивно ја заслужува „Златната Топка“. Знам дека неколку пати го освои тоа признание, но секој пат беше заслужено. Тој игра како на Сони…“ изјави Ибрахимовиќ.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: