Пеп се враќа во Барса

Од медиумите во Шпанија се пренесува дека Тито Виланова повторно има големи проблеми со здравјето, а се шпекулира дека Гвардиола повторно ќе се врати во овој тим поради последните случувања.

Претседателот на Барселона, Сандро Лопез, денес ја откажа конференцијата за медиумите и божиќниот ручек. Новинарите веднаш дознаа дека на Камп Ноу има проблеми, а медиумите во Барселона откриваат дека се работи за болеста на Тито Виланова.

Тој боледуваше од рак на паратидната жлезда, но операцијата се изврши успешно, но привремено ги реши болестите и успешно се справи со нив. Сега туморот се врати и мора на нова операција која е закажана за четврток наутро.

Лекарите тврдат, дека ситуацијата е подобра споредено од пред година дена.

Ако се биде во ред, Виланова времето ќе го поминува во друштво на најблиските, а на работа би можел да се врати за некоја недела.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: