Петнаесет лица се повредени откако 34-тонски аквариум експлодираше во трговскиот центар Дофанг во Шагхај, Кина. Притоа умреа 3 ајкули, неколку помали риби и водни желки.
Влезот во центарот, поплавен, со разлетани парчиња стакло и риби ги згрози жителите на Кина.
Овој аквариум, поставен пред 2 годнини е локална атракција. Луѓето се збирале да гледаат како нуркачот ги храни и како рибите живеат во него.
Причината за то зошто се распукало стаклото со дебелина од 25 сантиметри засега не е позната. Полицијата го истражува случајот.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: