Роналдо: Се живее и без „Златната Топка“

Првата ѕвезда на Реал Мадрид признава дека нема да биде крај на светот доколку на почетокот на јануари не биде награден со „Златната Топка“ од страна на ФИФА.

Португалскиот интернационалец се наоѓа меѓу кандидатите за освојување на престижната награда која ФИФА ја доделува секоја година на најдобриот фудбалер.

Роналдо на официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Португалија говореше околу тоа како нема да му недостасувале мотивите за победи доколку не ја освои „Златната Топка“.

„Јасно е дека би сакал да ја добијам. Не сакам да бидам лицемер и лажго и да говорам како „Златната Топка“ не е нешто кон кое целам. Сепак, се живее и без таа награда бидејќи кариерата на еден фудбалер не се гледа низ призмата на индивидуалните признанија туку и низ колективниот учинок“ изјави Роналдо.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: