Кралскиот клуб преку официјално соопштение му даде голема поддршка на тренерот на Барселона, Тито Виланова кој повторно има проблеми со тешката болест.
Да потсетиме, потврдено е дека Тито Виланова има тумор, поради кој претходно се оперираше.
Во Мадрид на таа вест веднаш реагираа и пуштија официјално соопштение од клубот со кој му пружија голема поддршка на Виланова во борба со болеста.
„Реал Мадрид сака да му искаже полна поддршка, љубов кон тренерот на Барселона, Тито Виланова, во надеж дека ќе се опорави во најскоро време“ се вели во соопштението на Реал Мадрид.
„Реал Мадрид во потполност го поддржува твојот клуб и твоето семејство“ стои во продолжението од соопштението.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: