Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани призна дека понудите за Пато и Робињо пристигнале и дека Бразилците во јануарскиот преоден трансфер-период најверојатно ќе го напуштат клубот.
Конечно стигна потврда од екипата на Милан за она што се шпекулираше веќе подолг период. Алесандре Пато и Робињо се наоѓаат на излезните врати од „Сан Сиро“ и сосема е извесно дека ќе го напуштат Милан.
Тоа го потврди и потпретседателот на Милан, Адријано Галијани.
„Вистина е дека стигнаа понуди за Пато и Робињо. Ќе дадам се од себе да го убедам Робињо да остане но неговото семејство сака да се вратат во Бразил и ќе биде тешко да го задржиме“ изјави Галијани.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: